Разговорот со Јулијана Ацoвска го водиме за да дознаеме нешто ново околу академиите за дизајн во Qinshift Academy.
Јулијана е координатор и прв ментор на академииите за дизајн во Qinshift Academy, математичар по професија, а инаку вљубеник во дизајнот, естетиката и технологијата.
Како дел од Qinshift Academy (поранешен Сеавус Едукативен и Развоен Центар) во текот на 15 години, поминавте долг пат во развојот на дури 5 академии и стекнавте непроценливо искуство кое годинава се круниса со 5 национални акредитации.
Да почнеме од тоа. Зошто акредитација?
Акредитацијата од МОН гради доверба кај студентите и компаниите бидејќи станува збор за признаени дипломи кои имат реална вредност на пазарот на трудот.
Акредитацијата на академијата за дизајн е потврда дека програмите исполнуваат одредени стандарди.
На Академијата за дизајн во моментов се акредитирани пет академии, а во завршна фаза е акредитацијата на уште една академија, единствена од овој тип на нашите простори, академија за Game Production and Design.

Редовни сте како менторски тим и како академија во учеството на хакатони. Кој е мотивот?
Најголема придобивка од учеството на хакатони секако е контактот со компании од ИТ индустријата, можност за директно поврзување со водечки професионалци, како и потенцијални работодавци.
Хакатон коj редовно гo посетуваме и спонзорираме e Global Game Jam каде што нашите студенти и ментори активно учествуваат и постигнуваат значајни успеси.
Низ годините освоивме повеќе награди, но најдраги ни се втората награда од публиката во 2021, наградата за д-артисти во 2023 и наградата за технички најспремна игра, кои беа признание за креативноста, техничката вештина и тимската работа на нашите студенти.

Кој е начинот да се поврзат студентите со индустријата за дизајн?
Обезбедуваме практично искуство, професионален развој и подготовка за кариера во ИТ индустријата.
Во програмите на Академијата за дизајн се вклучени проекти што им овозможуваат на студентите да работат со реални клиенти.
По завршување на Академијата студентите со изготвено портфолио се испраќаат на пракса во некоја од нашите партнерски компании.
Во самиот едукативен процес се вклучени искусни дизајнери кои ги водат студентите. Тие им помагаат на студентите да развијат свој уникатен стил, ги инспирираат и им даваат совети како да ги изразат своите идеи преку креативни проекти. Особено сме горди на соработката со Giffoni Macedonia, основното училиште Димитар Миладинов, ракометниот клуб Ѓорче Петров, Сојузот на слепи лица на Македонија како и со Европската бизнис асоцијација (ЕБА).

Веќе 15 години негувате успешна соработка со клиенти во реализација на проекти, како ја реализирате соработката, кои се придобивките за 2те страни?
Од самиот почеток на академијата студентите работат на проекти за реални клиенти. Процесот започнува со изработка на комплетен брендинг и завршува со функционална веб страна.
Во моментов студентите работат на три проекти за реални клиенти:
- Start up компанија од областа на маркетинг и консалтинг,
- Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии, МАСИТ,
- Производствена компанија со повеќе од 30 години присуство на пазарот.
Од пред неколку години, новина во програмата е тоа што студентите од академијата за UI/UX дизајн работат на заеднички проект со студентите од веб дизајн и фронт-енд. Ваквиот пристап овозможува комбинирање на вештините за дизајн и програмирање, создавајќи решенија кои се визуелно привлечни и функционални.
Од една страна студентите се стекнуваат со непроценливо искуство, а пак
клиентите добиваат функционални решенија кои ги задоволуваат нивните потреби.

Што ги прави вашите академии уникатни во однос на други институции за дизајн?
Нашата академија се издвојува од конкуренцијата благодарение на сериозниот пристап кон целиот едукативен процес, од внимателно избрани вежби па се до проектите кои се задолжителен дел од секој модул.
Секако еден од клучните фактори е професионализмот на нашите ментори. Тие се искусни професионалци со долгогодишно искуство. Со својот пристап ги подготвуваат студентите за предизвиците што ги носи оваа професија.
Како се справувате со еволуцијата на индустријата за дизајн и како го адаптирате образованието според новите потреби на пазарот? Или како се интегрираат новите трендови и технологии во наставната програма за дизајн?
Новите алатки, како AI, се само начин да се олесни процесот, но градењето и поттикнувањето на креативна мисла е начинот на кој се гради добар дизајнер. Пазарот секогаш бара нешто ново, а тоа може да произлезе само од креативен ум.

Како ги оценувате и следите успесите на студентите низ различнитеакадемии?
За успешно завршување на еден модул, студентот треба редовно да ја следи наставата, да изработува домашни задачи и да подготвува проекти. За одредени модули, предвидени се и испити. Наставата се одвива комбинирано, онлајн и со физичко присуство. Овој модел на настава овозможува целосна интеракција и директно решавање на прашања и проблеми во текот на часот.
Што сакате да постигнете со академиите во иднина, и како планирате да ги подобрите и развиете?
Во иднина, академијата за дизајн ќе продолжи со своето проширување и развој, усогласувајќи ги програмите со потребите на пазарот и трендовите во индустријата. Нашата визија е да ја потврдиме лидерската позиција на пазарот обезбедувајќи висококвалитетна настава спроведена од искусни и професионални ментори.
Порака до студентите, како би ги мотивирале да ја одберат некоја од овие професии?
Дизајнот не е само креативност, тој е начин на размислување, решавање проблеми и создавање нешто што има реална вредност. Ако ја следите својата пасија и не се плашите да експериментирате и учите нови работи, оваа професија може да ви донесе не само успех, туку и лична сатисфакција. Бидете смели во вашите идеи, бидејќи во светот на дизајнот, нема ограничувања за тоа што можете да го постигнете.