Манекенката Алесандра Амбросио во бизарна облека на модна ревија во Париз


ambrosio-stajling.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Моделот, Алесандра Амбросио, пристигна на ревијата на Баленсијага во необична комбинација која привлече внимание.


43-годишната бразилска манекенка се појави на ревија за време на модната недела во Париз во џемпер и хеланки кои емитираат долна облека.

Манекенката го комплетираше својот аутфит со црна чанта Баленсијага, а ревијата ја следеше од првиот ред, покрај американската актерка Џесика Алба.

Изгледот на манекенката предизвика различни реакции на социјалните мрежи, а додека некои ја пофалија смелата комбинација, други ја исмеваа.

„Икона“, „Таа изгледа фантастично“, „Што е по ѓаволите тоа што го носи?“, „Дали е тоа најновиот моден тренд, да не ги заборави пантолоните?“, „Некој нека и даде здолниште“, „чуден избор“, „можеби ги заборави пантолоните, некој треба да и каже„, „Најгрдата облека што некогаш сум ја видел“,  се дел од коментарите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK