Вреди: Здравство е на пат кон модернизација, реформата што ќе ги промени животите на пациентите


taravari-klinika-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По долгогодишно запоставување, здравствениот сектор во Македонија конечно добива неопходни промени и инвестиции. Коалицијата Вреди објави дека Клиниката за инфективни болести, која беше жртва на лошо управување, е реконструирана и опремена со најсовремена технологија, благодарение на напорите на Министерството за здравство, кое го води Арбен Таравари.


„Ние во Коалицијата Вреди сме решени да ја промениме здравствената реалност во Македонија. Клиниката за инфективни болести, која децении наназад беше оставена на маргините, сега е пример за ефикасно управување и успешна реконструкција. Ова е само еден дел од нашите амбициозни планови за целосна модернизација на здравствениот систем“, велат од Вреди.

Со инвестиција од 1,5 милиони евра, првиот кат на Клиниката за инфективни болести е целосно реконструиран, претворен во достоен простор за пациентите и медицинскиот персонал. Новата опрема вклучува автоматски молекуларен дијагностички анализатор, единствен во регионот за PCR, CRP и HPV тестирање, како и автоматизиран апарат за аспирација, прв од ваков вид во земјата.

„Овие иновации, како што се апаратите за ултразвучна еластографија, гастроскопи и бронхоскопи, претставуваат само почеток на значајните промени кои ги подготвуваме за здравствениот сектор во целина. Овие инвестиции ќе значат многу за пациентите и медицинскиот персонал, кои конечно ќе имаат пристап до најсовремена опрема и соодветни услови за работа“, додаваат од Коалицијата Вреди.

Оттаму исто така најавија и значителни инвестиции во другите јавни здравствени установи, со буџет за здравство од 540 милиони евра за оваа година, зголемувајќи го финансирањето за 100 милиони евра. Дополнително, за прв пат во историјата, ќе бидат ангажирани 1.200 нови специјалисти, а позитивната листа на лекови е надополнета со 9 нови лекови.

„Со овие реформи и инвестиции, здравствениот систем ќе продолжи да се развива и модернизира, со единствена цел да се обезбедат квалитетни здравствени услуги за сите граѓани на Македонија. Нашата работа продолжува и ќе ги промениме условите за сите, не само за пациентите, туку и за медицинскиот персонал“, рекоа од Коалицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK