(Видео) Садик ја извлече Валенсија од опасната зона


12879672.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во дербито на дното во рамките на 27. коло на Ла Лига, Валенсија на „Местаља“ го совлада Ваљадолид со 2:1.


Доколку Валенсија опстане во елитните редови на шпанскиот фудбал, херој ќе биде позајмениот фудбалер на реал Сосиедад, Умар Садик.

Тој го постигна голот за победа, негов четврти во последните четири натпревари.

Се започна одлично за домаќините бидејќи Диего Лопез донесе водство за Валенсија во седмата минута. Сепак, до полувремето Ваљадолид успеа да израмни. Стрелец беше Латаса во 40. минута.

Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 58. минута. Баренечеа го пронајде Садик, а нигерискиот напаѓач одлично се снајде и постигна гол за победа.

Валенсија со оваа победа избега од зоната за испаѓање, иако има само бод повеќе од Алавес. Ваљадолид останува заглавен на последното место.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK