Трамп: Искрено, потешко ми е да се справам со Украинците, верувам дека Путин сака мир


tramp2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Откако објави дека размислува за воведување царини и строги санкции кон Русија, Доналд Трамп им се обрати на медиумите.


Украина мора да ја заврши работата, рече Доналд Трамп од Овалната соба, одговарајќи на прашања за војната.

„Искрено,  потешко ми е да се справувам со Украина“, додаде тој. Повтори дека Русија ги држи „сите карти“, но додаде дека му е „можеби полесно“ да се справи со Москва.

На прашањето дали му верува на Владимир Путин кога вели дека сака мир, Трамп одговара: „Да… јас му верувам“.

Запрашан зошто САД нема да ѝ обезбедат на Украина противвоздушна одбрана со оглед на неговата одлука да ја прекине воената помош, Трамп одговори дека не знае дали Украина сака да се договори.

„Ако не сакаат да се смират, ние заминуваме“, вели тој, додавајќи дека се обидува „да го запре умирањето“.

Размислувајќи за европските состаноци во текот на неделата, претседателот предупредува дека ова може да заврши како „Трета светска војна“ доколку не се реши.

Еден новинар праша зошто европските земји не усвоиле свој мировен план Трамп одговори дека „некогаш е невозможно да се одговори на прашањата“.

„Тие не знаат како да ја завршат војната“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK