Поради сторени сообраќајни прекршоци, 43-годишник е казнет со 1.970 евра и шест месеци забрана за управување со моторни возила од Б категорија.
Во драматичен инцидент што се случил на 27 февруари, околу 22.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Чаковец забележале автомобил како небезбедно свртува на пат.
Сомневајќи се дека возачот е под дејство на алкохол, полицијата со звучна и светлосна сигнализација се обидела да го запре возилото, но 43-годишниот возач одбил да застане и продолжил да вози по улицата . Тој поради несоодветната брзина, влажниот коловоз и намалената видливост во текот на ноќта изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Автомобилот застанал дури откако со предниот дел удрил во ѕид од куќа. Во моментот на несреќата во куќата биле членовите на семејството, но нема повредени.
Полицијата извршила алкотестирање на возачот при што било утврдено дека имал 2,01 промил алкохол во крвта. Веднаш бил приведен во полициска станица.