Инфлуенсерка се пофали со необичен фустан, луѓето ја исмејуваат во коментари


30389353-879c-4b67-b255-5b6d98587f2b.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Австралиската инфлуенсерка Картија Малан, која живее во Лондон, на Инстаграм се пофали со фотографии на кои позира во необичен фустан, привлекувајќи го вниманието на нејзините следбеници.


Инфлуенсерката, која има 486.000 следбеници на Инстаграм, се пофали како се подготвува за лондонската модна недела, позирајќи пред огледало во бел фустан со црвени дамки, креиран од брендот Ди Петса.

View this post on Instagram

A post shared by Cartia Mallan (@cartiamallan)

Слични фустани од овој бренд се продаваат за 7.000 долари (6.690 евра), но наместо цената, следбениците повеќе ги интересираше зошто фустанот ја прави да изгледа како да има менструален циклус, а имаше и забавни коментари.

„Ова е она што јас го фустан-менстурација“, „Тоа нешто кога ќе протече“, „Ова е лудо“, „Ајде да ја нормализираме менструацијата“, се само дел од коментарите.

Инаку, откако нејзината објава стана вирална, инфлуенсерката напиша дека не го забележала „проблемот“ и дека се чувствува „како сирена“ во фустанот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK