Од април повисоки плати за 7%, за наставниците и професорите


Деветмина-ученици-во-основни-училишта-во-Карпош-заразени-со-салмонела.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Верувам дека многу скоро ќе се случи потпишувањето на новиот колективен договор за подобрување на правата на вработените во основните и средните училишта, а во оваа прилика сакам да информирам, тие во март годинава
ќе го добијат второто покачување на платите за 7%, откако во октомври минатата година го добија првото за 5%.


Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на средбата со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, која е продолжение на конструктивниот социјален дијалог, а во насока на усвојување нов колективен договор за основното и средното образование.

-Постигнат е голем исчекор напред, усогласени сме по однос на поголемиот дел од прашањата кои ги засегаат вработените во училиштата, а денес нашите преговори продолжуваат за да ја завршиме целосно работата на која се обврзавме ние како Влада од една страна и СОНК од друга страна, изјави Јаневска.

Министерката потенцираше дека за прв пат растот на платата е поврзан со степенот на инфлација, за да се обезбеди реално зголемување на приходите на вработените во основното и средното образование.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK