­

(Видео) Хамас предаде четири ковчези со тела: меѓу нив и телото на најмалиот заложник, неговиот брат и мајка му


Screenshot-2025-02-20-100546.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хамас штотуку му предаде на Црвениот крст четири ковчези со тела на заложници, јавуваат светските медиуми.


Меѓу нив се и телата на најмладиот киднапиран заложник, неговата мајка и брат. Хамас рече дека меѓу телата има членови на семејството Бибас – мајката Шири и нејзините деца Кфир и Ариел, кои имале девет месеци и четири години кога биле киднапирани.

Хамас вели дека четвртото тело е на Одед Лифшиц (84), ветеран и мировен активист.

Малиот Кфир беше киднапиран на 7 октомври од Кибуц Нир Оз заедно со неговиот татко Јарден (34), мајката Шири (32) и братот Ариел (4). Кфир имал само 9 месеци кога бил заробен.

Црвениот крст ќе ги предаде телата на припадниците на ИДФ и Шин Бет, кои потоа ќе ги однесат на обдукција, за со сигурност да се идентификуваат сите жртви. Илјадници луѓе се собраа во Тел Авив за да го гледаат процесот на предавање на телата во живо на видео.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK