­

Ќе нема рефундација, ФЗОМ планира „Клексанот“ да го стави на рецепт


94187464_180053486415681_6227672140766773248_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фондот за здравствено осигурување планира да направи измени во правилниците во однос на позитивната листа, со кои меѓудругите, антикоагулансот клексан ќе може да се подигне на рецепт во аптеките, наместо да се прави рефундација.


Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски рече дека на позитивната листа треба да бидат вклучени лекови кои ќе бидат понудени по пониска цена и затоа даваат субвенција.

„Во прв план ни е префрлување на антикоагуланси, бидејќи тие се веќе на болничката листа, на пример Клексан. Да не се рефундира Клексанот, туку да може да се подигне на рецепт. Се надевам дека час поскоро, штом Комисијата почне да функционира и се направат овие измени на правилниците, дека ќе го имаме првото зголемување со антикоагуланси“, изјави Клековски.

Додаде дека што се однесува до „Ксарелто“ кое е антикоагуланс во таблетарна форма, и покрај нивната волја, производителите немаат желба да го вклучат тој лек на позитивна листа. Фондот се обидува да се договори со еден од производителите, да биде вклучен лекот по пониски цени, бидејќи кај повозрасната популација со кардиолошки проблеми е релативно често употребуван.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK