Пратениците од партиите на власт не го поддржаа законот за ограничување на патните трошоци што го предложи партијата Левица.
Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, смета дека со тоа ќе продолжи праксата на злоупотреба и наплаќање на енормни суми.
„Јавноста веќе долго го артикулира овој проблем и директно влијае врз достоинството на Собранието, пратениците и политичкиот систем. Како анти-естаблишмент партија, ние пробуваме да го вратиме она што народот некогаш го имаше – политичка моќ. Овие кои денес ја владеат државата ВМРО-ДПМНЕ, токму нивниот министер или фридманист – Трајко Славески ги укина патните трошоци за работниците“, истакна Амар Мециновиќ.
Предлогот на партијата е патните трошоци да се пресметуваат: 6,5 литри на секои изминати 100 километри, бидејќи сегашната одредба погрешно се толкува, и пратениците испумпуваат пари за армотизација и патарини.