Четири бродови на кинеската крајбрежна стража забележани во јапонските води, Токио упати протестна нота


4c4a5682-3e8a-4768-80f2-90e135709481.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јапонија денеска упати протестна нота до Кина преку дипломатски канали откако четири брода на кинеската крајбрежна стража беа забележани како влегуваат во јапонските територијални води околу островите Сенкаку во Источното Кинеско Море, нарекувајќи го инцидентот „неприфатлив“. Главниот секретар на кабинетот Јошимаса Хајаши рече дека последниот упад е „кршење на меѓународното право“, ветувајќи решителен одговор на таквите кинески акции во одбрана на територијалните води и воздушниот простор на Јапонија, пренесува „Kyodo News“.


Четирите бродови на кинеската крајбрежна стража почнаа да навлегуваат во водите во близина на ненаселените островчиња околу 10 часот и тргнаа околу пладне, рече Хајаши.

Ова беше втор упад на кинески бродови во јапонските територијални води околу островите оваа година. Тоа, исто така, дојде откако јапонскиот премиер Шигеру Ишиба и американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела потврдија дека нивниот билатерален безбедносен договор, според кој САД помагаат во одбраната на Јапонија, ги вклучува и островите Сенкаку, според „Kyodo News“.

„Навистина е за жалење и неприфатливо што бродови на кинеската крајбрежна стража влегоа во јапонските води околу островите Сенкаку“, рече Хајаши.

„Ќе дадеме се од себе за да спроведеме активности за предупредување и надзор и ќе одговориме смирено, но одлучно на Кина“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK