Бомбаш самоубиец активираше експлозив врзан за неговото тело: петмина загинати во Авганистан


avganistan-vojnici.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку пет лица загинаа откако бомбаш самоубиец активираше експлозив врзан за неговото тело пред банка во североисточен Авганистан, соопшти полицијата.


Експлозија се случи утринава кај филијала на Кабул банка во провинцијата Кундуз, при што загина еден чувар и четворица други, меѓу кои цивили и членови на талибанците, кои се на власт во земјата, соопшти полицијата.

Седум лица се ранети, додаде портпаролот на провинциската полиција.

Тој не кажа за кого се верува дека стои зад нападот, а ниту една група сè уште не ја презела одговорноста.

Милитантите од авганистанскиот огранок на Исламската држава водат бунт против талибанците откако тие се вратија на власт во 2021 година.

Талибанските власти тврдат дека во голема мера ја уништиле групата иако таа продолжува да извршува напади во земјата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK