Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша е деактивиран


Screenshot-2025-02-11-083118.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша, кој го следеа повеќе од два милиони луѓе, е деактивиран.


Српската пејачка во последните недели се најде во центарот на вниманието поради нејзините објави на социјалните мрежи за протестите во Србија и Александар Вучиќ, поради кои беше покрената петиција за затворање на нејзиниот Инстаграм профил.

Здружението на граѓани Еко Стража од Србија ова барање го испратило до компанијата Мета поради „говор на омраза, расизам, ксенофобија и штетно однесување“, јавуваат српските медиуми.

„Бараме Мета да го суспендира профилот на Инстаграм на Јелена Карлеуша поради говор на омраза, расизам, ксенофобија, таргетирање поединци и генерално штетно однесување. Ова се повеќекратно прекршување на упатствата на заедницата на Инстаграм, особено во однос на говорот на омраза, вознемирување и дезинформации“, порачаа претходно од Еко Стража.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK