Во говорот по повод празникот на вработените и ветераните во руското Министерство за надворешни работи, рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека во годината на 80-годишнината од Големата победа во Втората светска војна, руските дипломати ќе продолжат активно да работат на сузбивање на сите обиди за фалсификување на историјата.
Честитајќи им го празникот на вработените и ветераните во руското МНР, Путин рече дека Русија ќе продолжи да се бори против манифестациите на неонацизам, русофобија и други форми на дискриминација врз основа на националност, пренесува РИА Новости.
Според него, заштитата на правата на Русите во странство сè уште бара посебно внимание.