Стефковски: Дојавите за бомби во 10 училишта во Гази Баба се лажни


opshtina-gazi-baba.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Утрово во 10 општински основни училишта на територија на општина Гази Баба пристигна дојава за поставена бомба.


Веднаш по примените дојави, училиштата согласно утврдените протоколи пријавиле во полиција, часовите беа прекинати, а учениците заедно со наставниците оддалечени на безбедно надвор од училиштата, информираат од Општина Гази Баба.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски по информациите добиени од директорите, разговараше со надлежните институции кои веднаш превземаа активности за извршување на соодветни проверки по што беше утврдено дека се работи за лажни дојави.

Тимови од Министерството за внатрешни работи извршија соодветни проверки во сите Основни училишта во Гази Баба каде утрово пристигнаа дојави за бомби и е утврдено дека се работи за лажни дојави.

„Благодарност до Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и до полициските службеници за брзата реакција и експресното спроведување на безбедносните проверки.

Во оние училишта каде има настава во втора смена, истата ќе се одвива согласно предвидените распореди за оддржување настава.

Благодарност и до родителите за соработката, трпението и разбирањето кое го имаа ова утро“, напиша Стефковски на социјалните мрежи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK