Манифестацијата „Златна бубамара на популатноста“ годинава ќе се одржи на 19 февруари во арената „Борис Трајковски“, под мотото „Вештачка интелигенција за владата – природна забава за народот“.
„Додека се подготвуваме да ги трошиме парите од најновиот унгарски кредит, Златна бубамара ќе ни овозможи да бидеме ем расположени, ем задолжени! Со мали букви, како и во секое упатство, е напишано тоа што во овој момент најмногу не интересира – жирант за добрата забава е Радио Бубамара. Секое издание во изминатите 27 години се памети и прераскажува со денови, а потоа и со години. Дека Златна бубамара е вистинска архива за нашата култура се уверуваме и деновиве при секое репостирање на „ѕвездените моменти“ од досегашните изданија на манифестацијата, на кои публиката со радост си спомува и ги коментира“, велат организаторите на настанот.
Од организацијата на Златната бубамара на популарноста најавуваат уште еден незаборавен спектакл – оваа година во траење од само 3 часа.
Билетите се во продажба.