Не би сакал во вакви моменти на чувства да се носат избрзани одлуки, вели Камбовски за случајот на смртно прегазената Фросина


Aleksandar-Kambovski.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Судскиот совет будно го следи случајот со смртно прегазената Фросина Кулакова од Неготино, уверува претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски. Во вој момент смета дека не треба да се носат одлуки или да се вадат заклучоци, но не ја исклучи можноста повторно да се разгледаат досегашните случаи на убиецот на Фросина, Васил Јованов кој веќе бил осудуван за неколку дела, бил испратен во казнено-поправен дом, но јавноста на неколкуте протести по несреќата, замери дека секогаш му биле давани благи казни.


„Се работи за случај кој што ја потресе цела држава. Сите изразуваме сочувство до семејството и не би сакал сега во вакви моменти на чувства кои ги има кај сите граѓани да се носат некои избрзани одлуки или некои заклучоци да се изведуваат. Не се добри такви некои брзи промени да се прават во законот“, вели Камбовски.

Во однос на забелешките од семејството кое бара одговорност не само од убиецот, туку бара да одговараат и неговиот татко и судијката Даниела Алексовска-Стојановска која претходно Васил Јованов го спасила од притвор, претседателот на Судскиот совет Камбовски не сакаше да коментира.

„Случајот конкретно јас не го знам, не знам кои биле доказите, како бил настанот и не би се осудил да коментирам во врска со одлуката се додека не го видам цел предмет. Сигурно дека ќе се разгледува, секаде каде што има пропуст ќе биде санкциониран. Сите се залагаме за владеење на правото, не познавам никој што се согласува вакви состојби да ни се случуваат“, рече Камбовски.

Околу прашањето за тоа какви казни определуваат судовите, Камбовски смета дека ни недостасува официјална анализа која би покажала дали навистина секогаш се оди со поблаги казни оти Законот предвидува најблага казна од 4 години, но највисока од 20 години затвор. Тој смета дека драконски казни нема да го решат проблемот.

„Ако мислиме дека само со драконски казни ова ќе го решиме, ова нема да се реши. Ние имаме подлабок, поголем проблем. Не е ова проблем само на благи казни, не е ова проблем само на постапување на судовите. Ова е проблем на целово општество кое што го имаме и треба сите ние кои сме чинители во општеството да размислиме што може да направиме ова да не се повторува во иднина“, нагласи Камбовски.

Судскиот совет Камбовски вели дека најверојатно ќе направи разговори со судијката за да види кои се фактите во случајот, но сето тоа ќе оди во предвидена процедура. Во вој момент вели дека случајот будно го следат, но тоа не значи ниту дека ќе отвораат некоја постапка против судијката ниту пак дека нема да отвораат.

Правда за убиецот на Фросина, одговорност од таткото и од судијката вчера преку протести побараа и огромен број жители на Скопје и на Кавадарци.

Фросина Кулакова беше прегазена на пешачки премин на булеварот Партизански одреди во Скопје на 29 јануари од 20 – годишниот Васил Јованов за кого беше објавено дека возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK