Ослободени двајца Американци во Авганистан во размена со талибанците


fb.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Двајца Американци држени од талибанските власти во Авганистан се ослободени во замена за еден Авганистанец затворен во САД под обвинение за трговија со дрога и тероризам, јавува Би-Би-Си.


Рајан Корбет и Вилијам Валас Мекенти беа ослободени откако Кан Мохамад, кој издржуваше доживотна казна затвор во федерален затвор во Калифорнија, беше вратен во Авганистан. Талибанската влада во Кабул го објави договорот во соопштение, велејќи дека е постигнат непосредно пред крајот на мандатот на претседателот Џо Бајден.

Семејството на Рајан Корбет го потврди неговото ослободување, додека американските медиуми, повикувајќи се на официјални извори, го идентификуваа Вилијам Валас Мекенти како вториот ослободен Американец. Според извештаите, договорот е резултат на двегодишни преговори и бил склучен непосредно пред Џо Бајден да му ја предаде власта на Доналд Трамп.

„Авганистанскиот борец Кан Мохамад, затворен во Америка, е ослободен во замена за американски државјани и вратен во својата земја“, се вели во соопштението на талибанското Министерство за надворешни работи.

Семејството на Рајан Корбет им се заблагодари на двете администрации, како и на Катар, за, како што велат, клучната улога во овој процес.

„Денес, нашите срца се исполнети со неизмерна благодарност и пофалба на Бога што го зачувал животот на Рајан и го вратил дома по 894 најпредизвикувачки и неизвесни денови во нашиот живот“, велат од семејството.

Рајан Корбет, кој со години живеел во Авганистан со своето семејство, бил уапсен пред повеќе од две години додека се враќал во земјата на службено патување.

Има малку достапни информации за Вилијам Валас Мекенти, а неговото семејство побара приватност.

Кан Мохамад, член на Талибанците, заробен за време на американскиот воен ангажман во Авганистан и затворен во 2008 година, беше ослободен во размена на затвореници. Претседателот Џо Бајден го помилува непосредно пред истекот на неговиот мандат и тој беше осуден на доживотен затвор. Талибанците ја нарекоа размената резултат на долги и плодни преговори со САД, опишувајќи ја како добар пример за решавање на проблемите преку дијалог.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK