Се запали бутик во зграда во Карпош, огнот се прошири кон уште еден стан и два автомобили


Загина-76-годишник-огнот-избил-на-шестиот-кат-и-постоела-голема.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пожар избувна доцн синоќа во бутик во Карпош, на улицата Разловечко востание.


Бутикот кој е во сопственост на И.М.(54) од Скопје бил лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема.

Од пожарот била зафатена фасада од зградата,  делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, клима уред и дел од прозори на уште еден стан.

Исто така, изгореле две патнички возила кои биле паркирани во непосредна близина.

Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK