Евростат: Италија има најголем процент на лекари над 65 години во ЕУ


1-16.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италија има најголем процент на постари лекари од сите земји на ЕУ, со просечна возраст од 65 или повеќе години, а нивниот удел во вкупниот број медицински персонал е 26,7 отсто, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Еуростат.


На второ место е Унгарија со 22,4 отсто постари лекари, а трета е Естонија со 22,3 отсто, пренесува агенцијата Анса.

Германија има најголем процент на лекари на возраст меѓу 55 и 64 години (36,1 отсто), потоа Бугарија со 33,9 отсто и Летонија со 27,4 отсто.

Највисок процент на млади лекари има Малта со 46 отсто, потоа Романија (34,6 отсто) и Холандија (29,7 отсто).

На европско ниво, процентот на лекари на возраст од 55 или повеќе години е 40 отсто, соопшти Евростат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK