Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и португалската репрезентација Фабио Коентрао (33) е уапсен поради нелегално одгледување ракови, јавуваат португалските медиуми.
Коентрао, наводно, одгледувал повеќе од еден тон ракови, вклучувајќи јастози и ракчиња. Пред три години ја заврши фудбалската кариера и започна да се бави со рибарство.
„Татко ми секогаш имаше брод, секогаш беше во него. Таму се моите корени. Често одевме заедно, го засакав тоа. Кога и да имав време, кога и да бев на одмор, бев на море. Знаев дека кога ќе завршам со фудбалот дека ќе за заминавам со рибарство. Се чувствувам среќен на море, сакам да живеам таков живот, но тоа не е е работа како и секоја друга и треба да се почитува“, изјави неодамна Португалецот.
Со Реал Мадрид, Коентрао две ЛШ и две шампионски титули на Шпанија. Тој исто така крена трофеи како играч на Бенфика и Спортинг. Поранешниот лев бек на Реал Мадрид и португалската репрезентација одигра 106 натпревари за Реал Мадрид.