Лос Анџелес Клиперс на домашен терен го совлада Бруклин Нетс со 126:67. Победата од 59 поени е најголема во историјата на франшизата.
Кави Ленард, кој се врати од повредата, одигра 24 минути и беше најефикасен со 23 поени и 8/11 шут. Џејмс Харден постигна 21 поен (6/10 од поле) со 11 асистенции и 6 скока. Ивица Зибац забележа 11 поени (4/6 од поле), со 9 скока, 4 асистенции и една украдена топка и една блокада за само 22 минути игра.
Зубац натпреварот го заврши со валоризациски индекс 48, највисок за играч кој одиграл помалку од 25 минути во последните 20 години во НБА лигата.
Кај катастрофалните Нетс најефикасен беше Џејлен Вилсон со 16 поени, додека Рон Шарп забележа 12 поени и 14 скока.
НБА, резултати:
Филаделфија – Њујорк Никс 119:125 п
Торонто Репторс – Бостон Селтикс 110:97
Чикаго Булс – Атланта Хокс 94:110
Милвоки Бакс – Орландо Меџик 122:93
Њу Орлеанс Пеликанс – Далас Маверикс 119:116
Сан Антонио Спарс – Мемфис Гризлис 115:129
Денвер Нагетс – Хјустон Рокетс 108:128
Јута Џез – Шарлот Хорнетс 112:117
Минесота Тимбервулфс – Голден Стејт Вориорс 115:116
ЛА Лејкерс – Мајами Хит 117:108
ЛА Клиперс – Бруклин 126:67