Претставници на Бригадата на Југоисточна Европа -СЕЕБРИГ, стационирана во кумановската касарна “Боро Менков”, денеска донираа медицински апарат – дефибрилатор, за потребите на корисниците на услугите во ЈОУ Дом за стари лица “Зафир Сајто” – Куманово.
Со ова хумано дело, командата на СЕЕБРИГ уште еднаш покажа дека е подготвена да помогне на институциите во локалната заедница, онаму каде е најпотребно, во рамка на своите можности.
На средбата беа запознаени со работата, услугите и капацитетот на Домот за стари лица “Зафир Сајто” – Куманово, од страна на директорот Дејан Стојановски.
На примопредавањето присуствуваа и претставници од Општина Куманово, секретарот Александар Гелевски и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска.
The post Донација за ЈОУ Дом за стари лица “Зафир Сајто” – Куманово first appeared on Општина Куманово.