– Делфино Мобилити Груп, официјален застапник на Lynk&Co за Македонија, го претстави на македонскиот пазар најновиот хибриден модел Lynk&Co 01. Со Lynk&Co 01, македонските купувачи добиваат компактен PHEV хибриден SUV кросовер кој нуди врвни карактеристики и технолошки иновации. Овој модел е дизајниран и проектиран во Шведска и произведен во модерните фабрики на Geely во Кина. Lynk&Co 01 го комбинира кинескиот иновативен дух и шведската инженерска прецизност, со технолошки решенија како мотор и платформа што ги дели со модели на Volvo и Geely.
Како прв модел на Lynk&Co достапен во Европа, 01 обезбедува 75 километри чисто електрично возење со 1,5-литарски бензински мотор од 261 коњски сили. Комбинираната потрошувачка на гориво изнесува само 1,0 l/100km (според WLTP), со забрзување од 0 до 100 km/h за 8 секунди и минимални емисии на CO₂ од само 24 g/km.
Lynk&Co 01 припаѓа на сегментот блиску до премиум и нуди опрема што кај други производители обично се наплаќа дополнително. Панорамски покрив, задната врата со далечински управувач, сателитска навигација со информации за сообраќајот, како и систем за безбедност со камера од 360 степени и откривање на возила во слеп агол се дел од стандардната опрема.
Моделот се издвојува со својот напреден централен дисплеј од 12,7 инчи, кој поддржува безжично поврзување со Android Auto и Apple CarPlay. Ова овозможува непрекината поврзаност и персонализирано корисничко искуство. Дополнително, вградената камера за патување овозможува снимање и зачувување на патувањата.
Во однос на безбедноста, Lynk&Co 01 доби целосна оценка од пет ѕвездички во престижната Европска програма за проценка на нови автомобили (EuroNCAP) во 2021 година. Гаранцијата за моделот е 4 години или 120.000 километри, додека гаранцијата за батерискиот систем е продолжена на 96 месеци.
Редовната цена на Lynk&Co 01 изнесува 46.990 евра, но за првите купувачи е достапен по специјална „Welcome“ цена од 39.990 евра. Доплата за ексклузивната боја Aurora Blue е 960 евра. Автомобилот е достапен за тест возење и може да се најде во салонот во Џевахир.