(Видео) Американски актер го загуби домот во пожар: „Ќе се снајдеме, најважни ми се сопругата, бебето и кучето“

51240941-6115-4a42-8581-179407c76198.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот актер Мајло Вентимиља (најпознат по улогата на Џек Пирсон во серијата „Ова сме ние“) и неговата сопруга Јара Маријано останаа без нивниот дом во Лос Анџелес, кој изгоре до темел за време на разорните пожари. Мајло и бремената Јара беа евакуирани.


Мајло ги сподели своите размислувања за трагедијата во интервју за Си-би-ес.

„Почнуваш да размислуваш за спомените, различните делови од куќата, а потоа ги гледаш куќите на твоите соседи и срцето ти се крши. Во еден момент сфаќаш дека ова е реално и ова навистина се случува. Гледав на безбедносните камери како пожарот ја голта нашата куќа. Во еден момент ги исклучивме. Каква корист може да има гледањето на таквите снимки? Некако ја прифативме таа загуба“, рече 47-годишниот актер, спротивставувајќи се на солзите додека зборуваше за пожарот. Тој се врати за да ја види штетата на неговата опожарена куќа откако биле евакуирани.

Тој додаде дека заедно со неговата сопруга се обиделе да извлечат некои работи од куќата пред да изгори сè, но останале без некои неопходни работи како бебешко креветче. Но, најважно му е што тој, неговата бремена сопруга и нивното куче успеале да се спасат.

„Имаме добри пријатели и добри луѓе. Ќе се снајдеме. Најважни ми се сопругата, бебето и кучето“, заклучил актерот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK