Бројот на загинати во разорните пожари што беснеат низ Лос Анџелес денеска се искачи на десет, а пожарот уништи речиси 10.000 згради и не покажува знаци на стивнување.
view of Los Angels from a plane
pic.twitter.com/DtsKvbJcZO— Science girl (@gunsnrosesgirl3) January 9, 2025
Пожарот во близина на населбата Пацифик Палисадес, кој се наоѓа меѓу Санта Моника и Малибу на северозападниот дел на градот, речиси стана најразорниот пожар во американската историја, откако се прошири на повеќе од 13,7 илјади хектари и изгоре цели населби.
Бројот на загинати во пожарите се искачи на десет, објавија градските власти доцна во четвртокот по локално време, без да дадат детали за околностите на смртта.
Шерифот на округот Лос Анџелес Роберт Луна претходно изјави дека за жал очекува тој број да расте. „Изгледа како да паднала атомска бомба во тие области. Не очекувам добри вести и се плашиме од овие бројки“.
Приватната метеоролошка организација AccuWeather ја проценува досегашната штета од пожарите меѓу 135 и 150 милијарди долари.