Натали Балмикс ја објави песната што беше дисквалификувана од хрватскиот натпревар за Евровизија, фановите со реакции: „Вратете ја, би победила“

Screenshot-2025-01-10-102611.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Откако Натали Балмикс ја објави песната која беше дисквалификувана од Дора, на јутјуб и на социјалните мрежи се нижат реакции.


„Песнава е подобра од која било на Дора“, „Каков хит, и оваа го исфрлаат“, „Вратете ја Натали на Дора“, „Звучи како нешто што Северина би снимила порано. Има сериозен потенцијал за сцената. Штета!“, „Ова е за Евровизија, а жирито на Дора треба да биде заклучено некаде за да не бираат повеќе финалисти“, „Ова е брутално“, се само дел од коментарите.

Се огласија и странските евровизиски фанови. „Ја дисквалификувавте единствената песна што ќе имаше шанса на Евровизија“, „Одлична песна, требаше да биде на Евровизија. „Дали ХРТ е реална што дисквалификуваше“, „Натали дојди во Србија, ние ќе те избереме“, „Каква штета, поздрав од Украина“.

Натали ја објави песната на денот кога беа официјално објавени сите песни кои ќе се натпреваруваат на Дора оваа година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NATALIE BALMIX (@natalie.balmix)

Текстот го напишаа Натали Балмикс и Аида Бараку, а музиката ја компонираше Дарко Димитров, македонски композитор и продуцент.

„Песната беше дисквалификувана од натпреварот поради значителни промени во финалната верзија“, се наведува во објаснувањето на ХРТ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK