Изгоре автобус кој возел од Минхен до Австрија: патниците спиеле, извлечени се во последен миг

zapalen-avtobus-evropa-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Чад избувна во задниот дел на патнички автобус на пат од Минхен кон Австрија, но благодарение на брзата реакција на возачот, сите патници го напуштија возилото пред да избие пожар внатре, објави денеска весникот „Билд“.


Инцидентот се случил на обиколницата на автопатот кај Минхен, а никој од 52-та патници не е повреден. Автобусот целосно изгорел, а причината за пожарот се уште не е позната.

По пожарот привремено беше затворен дел од обиколницата на автопатот за чистење.

Порталот „Васербург24.де“ пишува за огнениот пекол кој го зафатил автобусот, наведувајќи дека патниците избегале од возилото во последен момент.

Имено, според полициските информации, маж кој возел на автопатот забележал како излегува чад во задниот дел од автобусот. Тој веднаш го запрел автобусот на страната на автопатот. Сите 52 патници, од кои повеќето во тој момент сè уште спиеле, и возачот успеале неповредени да излезат од возилото пред брзо да се запали и да избие пожар. После тоа автобусот целосно изгорел, додава порталот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK