(Видео)Кузеска: Христовски нема сертификат од НАТО, уште една лага на власта

Богданка-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Скандалот со киднапирањето на Агенцијата за национална безбедност и партиското назначување директор нема крај. Последната манипулација којашто власта ја сервира е дека Христовски наводно поседувал сертификат од НАТО. Ова е намерна манипулација за да се одбегнат одговорите на суштинските прашања а тоа е дали Христовски воопшто ги исполнува условите да биде на оваа висока позиција“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.


„СДСМ ќе ја разобличи оваа манипулација и ќе инститира на правна разрешница на овој случај. Прво, проверките за издавање на безбедносни сертификати ги вршат исклучиво домашните безбедносни институции, а тоа се АНБ и МВР“, вели таа и додава:

„Постапката е јасно дефинирана: институцијата каде што работи лицето доставува барање до Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, по што се спроведуваат потребните проверки. А тие проверки за цивилни лица ги спроведуваат АНБ и МВР а не НАТО. Значи во случајот со Бојан Христовски, токму АНБ каде што тој е именуван за диркетор поднела барање и токму АНБ спровела безбедноста проверка на својот директор“.

Според неа, ова ја открива целата манипулација на власта.

„Прашањето е зошто по секоја цена, по сите можни скандали, власта го турка Христовски и ревносно го штити. Христовски беше именуван за директор на АНБ без соодветен безбедносен сертификат од ниво „државна тајна“. Согласно член 10 став 1 од Законот за АНБ безбедносниот сертификат е услов за да биде именуван за директор. Се уште е отворено прашањето и за сертификатот за англиски јазик од Пловдив Бугарија, од непосточека агенција. Отворено е и прашањето за валидноста на дипломата на Христовски. Одлуката на ДКСК е целосно компромитирана и затоа Јавното обвинителство не смее уште да молчи. ДПМНЕ создава паравласт, ги крши законите за да ги партизира безбедносните институции. СДСМ ќе продолжи да инсистира на целосна транспарентност и правна разрешница за овој случај“, истакнува Кузеска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK