Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 1,00 денар, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ ќе изнесува 78,00 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 – 80,50, цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 72,50, а Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 72,00 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,073 денари и еден килограм ќе чини 45,711 денари.