Во мај Мицкоски ќе соопшти 90 отсто од имињата на кандидатите за градоначалници, партиските анкети почнуваат месецов

mickoski-glasacka-kutija1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општинските комитети веќе ги доставиле предлозите за кандидати за градоначалници на претстојните локални избори, рече денес премиерот и лидер на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Најави дека граѓаните ќе ги дознаат имињата на нивните кандидати во мај.


„Се уште како партија не сме донеле конечна одлика, во моментот е во тек партиската дебата. Веќе од страна на општинските комитети се пристигнати предлози, имиња кои треба да се најдат на анкетите, на мерењата. Започнуваме во втората половина од месец јануари интензивно да мериме и очекувам некаде втората половина на мај месец 85-90 % од имињата на кандидатите за градоначалници кои ќе ги предложиме да ги соопштиме на македонските граѓани“, најави премиерот Мицкоски.

Неколкупати досега кога опозицијата бараше оставка од него и предвремени парламентарни избори, премиерот Мицкоски кажуваше дека локалните избори ќе бидат тест и за тоа. Доколку граѓаните не ја дадат поддршката на владејачката коалиција, рече дека ќе распишат и предвремени парламентарни избори.

Локалните избори се очекува да бодат закажани во октомври годинава. Последните локални избори се одржаа на 17 октомври 2021 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK