Уапсен маж од Тетово: при претрес на неговата куќа пронајдено оружје

Претрес-во-скопско-Семениште-пронајдено-оружје-и-муниција-еден-уапсен.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера околу 13.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 37-годишниот Б.Љ. од Тетово.


При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени автоматска пушка со дрвен кундак и четири рамки без куршуми.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик – „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK