Германското МВР: Нема индиции за хакерски напади, прекинот на аеродромите беше поради пад на системот

aerodrom-patnici.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека вчерашните прекини на информациските системи на германските аеродроми не биле предизвикани од хакерски напади, како што се шпекулираше на почетокот. Проблемите, кои доведоа до доцнење на летовите, се должат на технички дефект во информацискиот систем кој го управува Федералната служба за криминалистичка полиција.


„Во моментов нема индиции за хакерски напади или каков било друг инцидент поврзан со безбедноста на информациските системи“, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, негирајќи ги сите шпекулации.

Прекините во системот најмногу влијаеле на патниците кои пристигнуваат или заминуваат од земји надвор од Шенген зоната. Во некои случаи, проверката на пасошите морала да биде извршена рачно, што довело до значителни доцнења на летовите. Министерството за внатрешни работи истакна дека повеќето од дефектите биле санирани до синоќа.

Проблемот е лоциран „во хардверот на ИТ мрежата“, а целосното решавање на ситуацијата се очекува да потрае уште неколку дена. Федералната полициска служба работи со своите партнерски органи на обновување на нормалното функционирање на системите и откривање на причините за дефектите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK