Пуштена во употреба реконструираната спортска сала „25 Мај“ во Радовиш

sportska-sala-radovish.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пуштена е во употреба реконструираната спортска сала „25 Мај“ во Општина Радовиш.


На настанот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, кој изрази очекување голем број одбојкарски, кошаркарски, ракометни репрезентативци да произлезат од овој објект, затоа што Радовиш во минатото бил расадник на многу македонски спортски великани.

„Ние како Влада ќе продолжиме да ги поддржуваме ваквите проекти. Спортот ни е во фокусот. Како што кажа и министерот, без инфраструктура не можеме да бараме и резултати. Значи многу е важно да ја имаме онаа базична, основна инфраструктура, согласно приоритетите на Владата и потоа и да очекуваме и да бараме резултати од оние коишто ќе ја користат оваа инфраструктура“, изјави Мицкоски.

Тој им честита на министерот за спорт и на градоначалникот на Општина Радовиш, но и на сите оние коишто беа вклучени во реконструкцијата на овој објект.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK