18-годишна девојка која сонувал да стане медицинска сестра, самохрана мајка, татко на две деца и поранешен американски фудбалер се само дел од жртвите на новогодишниот напад во Њу Орлеанс. Официјалните лица сè уште не ги објавија имињата на 14-те лица кои беа убиени кога 42-годишниот Шамсуд Дин Џабар влетал со својот пикап во толпата луѓе на улицата Бурбон.
Судскиот лекар од Њу Орлеанс, Др. Двајт Мекена најави дека имињата на сите жртви ќе бидат објавени откако ќе завршат обдукцијата и ќе бидат извршени разговори со најблиските.
Метју Тенедорио
Метју Тенедорио од Слајдел, Луизијана, беше човек поголем од животот, рече еден од неговите роднини.
„Тој имаше големи надежи дека ќе има свое семејство. Секогаш правеше шеги. Се смееше повеќе од мене“, рекла Кристина Баундс.
Семејството на Тенедорио не можело да стапи во контакт со него на Нова година. Подоцна дознале зошто. Тенедорио бил убиен од истрел од пиштол, рече Баундс, цитирајќи го судскиот извештај.
Тигар Беч
Роден во Лафајет, Луизијана, тој беше поранешен фудбалер на Универзитетот Принстон и работеше како помлад трговец за фирмата за пазари на капитал Seaport Global Holdings во Њујорк по дипломирањето во 2021 година.
„Беч беше жесток натпреварувач со бескрајна енергија, сакан соиграч и грижлив пријател“, рече тренерот на Принстон, Боб Сурејс.
27-годишникот отпатувал во својата родна држава за празниците и планирал да се врати во Њујорк во среда наутро, според неговата постара сестра Вирџинија Беч. Наместо тоа, тој беше убиен во нападот додека се враќаше во хотелот со неговиот најдобар пријател Рајан Квигли. Квигли е стабилен, иако се здоби со расекотини на главата и скршеница на ногата.
Реџи Хантер
Реџи (37) бил татко на две деца, познат по својата смисла за хумор, вели неговата роднина Ширел Робинсон Џексон. Хантер зад себе остави 11-годишно и едногодишно дете, рече таа.
„Тој ги сакаше своите деца. Тој го сакаше своето семејство“, нагласи таа.
Реџи е роден во Батон Руж. Тој беше на улицата Бурбон со друг роднина, Кевин Бол, кога се случи катастрофа. Бол, кој беше повреден во нападот, се опоравува во болница.
Роднината на Реџи потврди дека го идентификувала телото во болница. „Тој сигурно не го заслужи ова, ниту една жртва не го заслужи“, напиша Џексон на Фејсбук.
Карим Бадави
Меѓу 14-те убиени е и Карим Бадави, студент од Универзитетот во Алабама.
„Денес дознав дека Карим Бадави, еден од нашите студенти на Универзитетот во Алабама, е убиен во терористички напад во Њу Орлеанс. Тагувам со семејството и пријателите на Карим за нивната потресна загуба“, рече претседателот на Универзитетот Стјуарт Р. во објава на Фејсбук.
Хуберт Готри
Претставници на средното училиште Архиепископ Шо објавија дека Хуберт Готри (21) е убиен во напад со пикап во Њу Орлеанс. „Со голема тага ја споделуваме веста дека Хуберт Готри, генерација 2021 година, трагично загина во бесмислен чин на насилство“, објави училиштето на Фејсбук.
Дру Дофин
Неодамна дипломирал на Универзитетот Обурн. „Во име на Универзитетот Обурн, испраќам искрено сочувство до семејството и најблиските на Дру Дофин, дипломец во 2023 година, кој ни беше одземен во терористичкиот напад во Њу Орлеанс“, рече претседателот на Универзитетот Обурн, Кристофер Б. Робертс.
Никол Перез
Според нејзиниот работодавец, Никол Перез била самохрана мајка на 4-годишен син, која напорно работела за да го подобри животот на своето семејство.
Перез, која беше во доцните 20-ти години, неодамна беше унапредена во менаџер во Kimmy’s Deli во Метаири, Луизијана. „Беше многу возбудена поради тоа“, изјавила сопственичката на продавницата Кимберли Ашер за АП.
Никира Дедо
Зион Парсонс ја славел Новата година кога се појавило возило и ја удрило неговата пријателка, 18-годишната Никира Дедо, за која рече дека сонувала да стане медицинска сестра.
„Камион дојде зад аголот и брзо помина покрај фрлајќи луѓе како на филм. Ја удри и ја фрли најмалку 10 метри и имав среќа што останав жив“, рекол Парсонс. Тој вели дека трчал меѓу осакатените жртви додека одекнувале истрели.