Вучиќ за „Рибникар“: Странска држава побара да им го предадеме малолетниот убиец ден подоцна

kosta-k.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот претседател Александар Вучиќ во утринската програма на ТВ Пинк говорејќи за масакрот во Цетиње се осврна и на масовнoто убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“.


„Јас сум против теориите на заговор, но чудни работи се случуваа поврзани со Рибникар. Тоа привлече големо внимание кај странците, вклучително и во врска со односот кон убиецот (К.К.). Во мојата канцеларија побараа да им го дадеме Коста К“, рече претседателот и продолжи:

„Тоа не ми е доволен доказ (дека странски служби се вмешани во масовното убиство), но велам – тоа се случи точно ден потоа. ‘Не можете да се грижите за тоа дете. Мора да има некаков живот, дајте ни го’. Одбив, бидејќи знам каква неправда ќе биде тоа за семејствата на убиените деца. Директно претставник на странска земја и една странска служба го побараа тоа од мене“, рече Вучиќ.

Претседателот посочи дека трагедии се случуваат и секогаш ќе се случуваат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK