Белгијка (83) исчезна пред 3 години, случајот решен со помош на „Гугл мапс“

gugl-strit-vju-ischeznata-zena.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пред три години Полет Ландрие (83) исчезна во белгискиот град Анден, а случајот е решен благодарение на „Гугл мапс“, пренесува „Дејли мејл“.


Полет боледуваше од Алцхајмерова болест, а нејзиниот сопруг Марсел секојдневно се грижеше за неа. Ја оставил сама неколку минути на 2 ноември 2020 година, кога излегол во дворот да закачи алишта да се исушат. Полет во тоа време гледала телевизија, но кога се вратил, ја немало. Откако ја пребарал целата куќа и околината и тропнал на вратите на соседите, Марсел повикал полиција.

Следеше масовна потрага која траеше со недели, па дури беше вклучен и хеликоптер, но Полет беше пронајдена дури во 2022 година. Потоа, соседот на Марсел и Полет го пребарал „Гугл стрит вју“ и нашол снимка од Полет на денот кога исчезнала, фатена од автомобил што минувал низ нивната улица токму во тој момент.

Се гледа како таа излегува од улицата и го поминува патот, додека Марсел пружал алишта од другата страна на куќата. Инспекторите потоа ја следеле патеката што ја поминала Полет на фотографијата и конечно го пронашле нејзиното тело.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK