Убиецот од Цетиње си пукал во глава, починал на пат кон Клиничкиот центар

5615800_osumnjiceni-za-visestruko-ubistvo-na-cetinju_ls.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Црногорскиот министер за внатрешни работи Данило Шарановиќ изјави дека при транспортот до Клиничкиот центар на Црна Гора починал осомничениот за повеќекратно убиство во Цетиње, Ацо Мартиновиќ, објави РТЦГ.


Тој рече дека полициската акција во потрага по Мартиновиќ била успешно спроведена.

Шарановиќ изјавил дека Мартиновиќ се обидел да се самоубие, но не умрел на лице место.

В.д. директорот на полициската управа Лазар Шќепановиќ изјави дека Мартиновиќ се наоѓал во населбата Хумчи и дека починал од повреди на главата.

Тој рече дека не е познат мотивот за убиството, а жртвите се негови пријатели и кумови.

Шќепановиќ рече дека со резерва треба да се земе информацијата дека во Цетиње имало 12 жртви и да не се лицитира со бројот на жртвите.

Тој рече дека од семејството на осомничениот убиец добиле информација дека Мартиновиќ бил социјално девијантно лице.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK