Властите во Газа соопштија дека во израелски воздушен напад загинале пет палестински новинари пред болница, но израелската војска објави дека нападналa возило со милитанти на Исламскиот џихад.
Лекарите соопштија дека најмалку 21 лице загинало во израелските воздушни напади врз палестинската енклава додека Хамас и Израел меѓусебно се обвинуваат за одложување на постигнувањето договор за прекин на огнот.
Синдикатот на палестинските новинари објави дека пет новинари од каналот Ал-Кудс Тудеј биле убиени во еден напад пред болницата Ал-Авда во бегалскиот камп Ал-Нусеират во центарот на Газа.
Повеќе од 190 палестински новинари се убиени од почетокот на војната во октомври 2023 година. Израелската армија објави дека „извршила прецизен удар врз возило со терористичката група Исламски џихад во областа Нусејрат“.
Израел редовно ги негираше нападите врз новинарите и тврди дека презема чекори за да избегне напади врз цивили.
Групата Исламски џихад, која е поддржана од Иран и е сојузник на Хамас, се приклучи на борбите против Израел во октомври 2023 година.
.