Барселона веќе подол период преговара со капитенот на Баер Леверкузен, Џонатан Тах (28). Тој е под договор со актуелниот германски шампион до крајот на сезоната, што значи дека може да потпише преддоговор со Барселона за пет дена.
„Мундо Депортиво“, наведува дека Тах веќе донел одлука да ја продолжи кариерата во Барселона и дека Баерн Минхен бил единствениот клуб кој се обидел да влезе во трката за неговиот потпис.
Интерес пројави и Реал Мадрид, но на 28-годишниот не му доставиле финансиски пакет кој би го убедил да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
За да го реализира трансферот, Барселона веќе започна да работи на трансферите на Ерик Гарсија и Андреас Кристенсен. Овие двајца сигурно ќе го напуштат клубот по завршувањето на сезоната, а не се исклучува можниста тие да заминат и во јануарскиот преоден рок.
Тах го познава тренерот на Барселона, Ханси Флик од времето кога тој ја предводеше германската репрезентација.
Тој е незаменлив дел од стартната постава на Баер, оваа сезона одигра 25 натпревари за клубот. Тој е во Баер од 2015 година и досега за клубот има одиграно 378 натпревари. Постигна 16 голови, забележа 12 асистенции, а според „Трансфермаркт“ неговата вредност е 30 милиони евра.