Покрај украсувањето на градот со разновидни содржини и Новогодишен базар во организација на Општина Гевгелија, новогодишната атмосфера во општина Гевгелија ќе биде збогатена и со традиционалниот новогодишен дочек на Градскиот плоштад. За дочекот на 2025 година, Општина Гевгелија и годинава подготви богата музичко-забавна програма. Граѓаните ќе имаат можност заеднички да ја испратат 2024 година со: концерт на Ефто Пупиновски и „Милениум бенд“, „Либра бенд“, „Европорта Фест“ во организација на Здружението „Внимание“- Гевгелија на кој ќе настапат млади музички таленти од општина Гевгелија со изведба на домашна и странска музика и настапот на Ѓорге Митров. Помеѓу настапите на музичките изведби, за изнудување смеа кај присутните на новогодишната забава, е задолжен гевгелискиот stand-up комичар, Дејан Малзарков, со неговото шоу „Диверзија“. Водител ќе биде Никола Опров,
„Гевгелија заслужува да биде урбано место со богата музичка содржина преку целата година. Водејќи се од тоа дека традицијата треба да се негува, граѓаните ќе имаат можност заеднички да ја дочекаат Новата 2025 година на Градскиот плоштад во Гевгелија“-истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Поканувајќи ги своите сограѓани: „Да ја дочекаме заедно Новата 2025 година.“