Континуирани вложувања за подобрување на воспитно-образовниот процес: нов систем за греење и ладење во „Владо Кантарџиев“ и внатрешно уредување во „Крсте Мисирков“

470000656_591027373315296_1239012551003849538_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Основните општински училишта „Владо Кантарџиев“ и „Крсте Мисирков“, значително се подобрени условите за реализација на воспитно-образовниот процес. Имено, ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија и подрачните училишта во населените места Богородоцица и Мрзенци добија нов систем за греење и ладење. За таа цел, беа поставени 23 инвертер-клими, со што реализирано е уште едно ветување на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, од предизборната програма за 2021 година. Притоа, за успешна реализација на наставата и збогатување на надгледните средства, исто така, се набавени 24 смарт табли.

Градоначалникот Сарамандов, заедно со членот на Советот на Општина Гевгелија, Андријана Бегова и директорката на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, Ружица Икономова, извршија увид во Училиштето по инсталирањето на инвертер-климите.


Претходно, за подобрување на воспитно-образовниот процес, беа реализирани повеќе зафати и проекти. Имено, во дворот на ООУ „Владо Кантарџиев“ беше изградено ново детско катче, како и други занимливи содржини за најмалите. Во Подрачното училиште во Богородица се изврши замена на подовите, а во Подрачното училиште во Мрзенци беа извршени фасадерски работи во сите простории.

ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија доби нов модерен лик со целосната замена на плочките, реконструкција на внатрешната заштитна ограда, а, исто така, се набавија и нови столчиња за децата. За што, градоначалникот Сарамандов, заедно со директорот Ѓорги Стамков, направија увид во реализираните активности. Претходно, во ова училиште беа целосно ренновирани тоалетите со нови плочки и санитарна опрема. За успешна реализација на воспитно-образовниот процес, ќе бидат поставнени и мултифункционални табли.

– Продолжуваме со вложување во квалитетно образование, подобрување на училишната инфраструктура и правилен развој на младите во сите училишта институции. Наш мотив е децата да се чувствуваат убаво и пријатно во училишниот престој затоа што секое дете има право на еднакви услови во образовниот процес- истакна градоначалникот Сарамандов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK