Според последните официјални информации 25 лица ја преживеале авионската несреќа во Казахтсан.
Од нив 22 се префрлени во болница, објави Казахстанското министерство за итни случаи.
Во леталото имало 72 лица, од кои 67 патници и 5 членови на екипажот.
Авионот кој летал од Баку за Грозни се урна утрово. Пред падот, испратил „СОС“ сигнал над Каспиското Море.
Причината за авионската несреќа сè уште не е позната, но на објавената снима од моментот на падот на леталото се гледа како авионот стрмно се спушта во близина на аеродромот во западниот дел на земјата пред да се урне.