(Видео) Детали за драмата во Казахстан: расте бројот на преживеани патници по уривањето на авионот

avion-830x553.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По падот на патнички авион во Казахстан, кој патувал од Баку за Грозни со 72 лица, се појавија информации за причината за несреќата. Имено, како што пишуваат азербејџанските медиуми, авионот налетал на јато птици.


Подоцна се појави информација дека авионот бил пренасочен кон аеродромот во Махачкала поради густа магла, но дошло до несреќа на само три километри од аеродромот Акту.

Според првичните информации, бројот на преживеани е поголем од 10. Првите повредени се примени во болница.

Генералниот конзул на Азербејџан во Акту, Ајкан Сулејманли, рече дека засега „не можат ништо да кажат“.

„Нашите вработени се таму и јас сум на пат. Не можеме да кажеме ништо со сигурност. Не знаеме ништо во моментов“, рече тој.

На социјалните мрежи се појавија првите снимки од падот на патничкиот авион АЗАЛ во Казахстан, кој летал од Баку за Грозни. На лице место одекнала експлозија која во моментов ја гаснат голем број пожарникари.

Во гаснењето на пожарот во близина на градот Акту, во Казахстан, учествувале 52 пожарникари и 11 противпожарни возила. За ситуацијата во моментов е загрижено Министерството за вонредни ситуации на Казахстан, кое засега нема информации за жртви.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK