Американ ерлајнс во вторникот ги приземји сите свои летови во САД поради технички проблем, што ги наруши плановите за патување на илјадници патници кои се подготвуваа да летаат на Бадник, пренесуваат светските медиуми.
Масовните прекини на летовите претходно ги нарушија плановите на многу патници. Во 2022 година, Southwest Airlines доживеа целосен системски колапс кој траеше со денови.
Според написите од компанијата немаат дадено временска рамка за решавање на проблемот, но ги советуваше патниците на социјалната мрежа Х да им испратат директни пораки за да ги решат проблемите со билетите и трансферите.
„Технички проблем влијае на американските летови утринава. Нашите тимови работат на решавање на проблемот што е можно побрзо и им се извинуваме на нашите клиенти за непријатностите“, се вели во соопштението на компанијата за Ројтерс.
Многу патници објавија на социјалните мрежи дека нивните авиони се заглавени на пистите на различни аеродроми и дека сега се вратени на капијата.
Американ ерлајнс оперира илјадници дневни летови до повеќе од 350 дестинации во над 60 земји и се смета за најголема американска авиокомпанија по бројот на патници.
Американската федерална управа за авијација (ФАА) во изјава за Ројтерс укажа на авиокомпанијата, повторувајќи дека пријавила технички проблем.