СДС да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби, измислувањето приказни не им поминува, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
СДС, како што кажа, со години знаеле за криминалот на Груби, во прва линија го дозволиле, а потоа и му се приклучиле.
„До последен ден од власта nа СДС и ДУИ, тиe беа соизвршители. СДС одеше на избори со надеж да направат влада и да продолжат да прават криминал со Груби. Во СДС ништо не е сменето, тоа се истите луѓе кои молчеа додека Груби крадеше. И сега наместо СДС да се извинат за криминалот кој го приредија, тие измислуваат секој ден нови приказни“, додаде Петрушевски.
Според него, да не беше ВМРО-ДПМНЕ и одлучната акција против политичките криминалци во СДС и ДУИ, тие уште здружно ќе ја крадеа државата. Народот, како што рече, тоа го знае и го валоризира, а СДС и ДУИ со секој поминат ден стануваат се помаргинализирани.