(Видео) ДПМНЕ го пушти Груби да избега: „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат, „случајно“ згрешил службеникот на границата, вели Кузеска

„Коцкарски-бизниси-од-милиони-евра-за-Груби-милионски-соларни-панели.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Со потсмев ги следиме обидите на ДПМНЕ да ја префрлат вината за бегството на Груби врз СДСМ. Тоа е само невешт спин да се отргне вниманието од клучниот проблем и прашање, а тоа е – зошто Тошковски дозволи Груби да избега?“, прашува портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.


„ВМРО-ДПМНЕ треба да каже кој е политичкиот договор и цена за пуштањето на Груби?

Зошто ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски молчат за тоа дека „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат, „случајно“ згрешил службеникот на границата инаку кадар на Тошковски.

Границата со Косово се потврди дека откако е ВМРО-ДПМНЕ на власт е главен канал за бегање на криминалците. Можеби е време да ја отворат целосно за да не се трошат пари за одржување, па така и граѓаните ќе видат некаков ќар“, одговори Кузеска на новинарско прашање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK