Уапсен 19-годишник од Беровско, криумчарел мигранти од Турција и Ирак

„Ауди-со-илегални-мигранти-се-судри-со-автомобил-кај-Струмица.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во 00.50 часот во близина на локален пат Гевгелија – село Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода 19-годишниот Д.Г. од село Будинарци, беровско.


Претходно, во близина на Граничен премин  Богородица, полициски службеници забележале дека во возилото „алфа ромео“ со кочански регистарски ознаки, кое Д.Г. го управувал, влегуваат повеќе лица мигранти.

Д.Г. го запрел возилото и се обидел да побегне, но набргу бил пронајден и лишен од слобода, а при преглед во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти, од кои осум од Република Турција и двајца од Ирак.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава против Д.Г., а мигрантите се сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK