По интензивните врнежи од снег во Михајлово, се одбројуваат деновите за отворање на скијачкиот центар, напиша на својот профил на Фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Тој додаде дека во моментов се работи на подготовки за ски стазата со сите пропратни елементи за сите возрасти.
„Скијачки центар Михајлово, за сите љубители на зимските спортови“, стои во објавата на Јанчев.
Во коментари под видеото од ратракот граѓани бараат доживотен мандат за Јанчев.
„Недостижен ,единствен и незаменлив градоначалник-Митко Јанчев, одлично сработено, пример за сите останати, големо браво за идејата и реализацијата на проектот“, се дел од коментарите на „Фејсбук“.